Вие имате прво да ја знаете вистината

Четвртото дете е на пат? Британските медиуми шпекулираат дека Кејт Мидлтон е трет месец бремена!?

Војвотката Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам станаа родители на принцот Луис пред помалку од една година, а деновиве почнаа новите шпекулации за тоа дека тие чекаат и четврто дете. Некои британски списанија ја ставија Кејт на насловна страница и на тој начин ја објавија оваа добра вест со светот, а јавноста ширум светот е многу изненадена.

И покрај сите шпекулации и гласини за бременоста, не смееме да заборавиме на проблемите кои Кејт ги имаше во претходните бремености. Таа страдаше од чести гадења и повраќање, но сето тоа не влијаеше на нејзината одлука повторно да не се породи.

Таа зборуваше за својата радост и за борбите што ги носи мајчинството на хуманитарен настан во Лондон.

Ништо не може да те подготви за мајчинството. Тоа е комбинација од емоции, среќа, исцрпеност, љубов и грижа, се заедно. Вашиот основен идентитет се менува. Веќе не сте толку многу фокусирани само на себе како индивидуа, туку да се биде мајка станува најважната работа на светот, објасни Кејт.

Веста за бременост на Кејт Мидлтон се уште не е коментирана од никој во кралските кругови, но времето ќе покаже што е вистина, а што не.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!