Вие имате прво да ја знаете вистината

Данска ги враќа пропусниците, бројките растат: Ќе им го закомплицираме животот на невакцинираните, вели премиерот

За влез во кафулиња, ресторани и ноќни клубови ќе биде потребна здравствена карта.

По речиси два месеци без ограничувања, Данска повторно ќе воведе здравствена пропусница поради наглото зголемување на бројот на случаи на Ковид-19, објави во понеделникот премиерот.

Епидемиската комисија и препорача владата да го класифицира коронавирусот како „болест што го загрозува општеството“ и повторно да воведе здравствена пропусница. Владата ќе ја следи таа препорака, рече премиерот Мете Фредериксен на прес-конференција.

Кон крајот на минатата недела, здравствените власти предупредија на опасноста од „преоптоварување“ на болниците поради ковид-19, грип и други заразни болести.

Во понеделникот, петти ден по ред, има повеќе од 2.000 нови инфекции во Данска, која има 5,8 милиони жители, а 36 пациенти се на интензивна нега.

За влез во кафулиња, ресторани и ноќни клубови ќе биде потребна здравствена карта. „Можете да живеете со корона пропусница. Тоа ви овозможува да бидете мирни кога одите во кино или на концерт, рече премиерот.

Повторното воведување на пропусницата ќе го комплицира секојдневниот живот на оние кои не биле вакцинирани. Мислам дека тоа треба да биде случај, додаде таа.

Пионер на здравствената карта, која беше воведена пролетва, Данска ја укина на 10 септември во време кога бројот на новозаразени беше четири пати помал од денешниот.

Во Данска, 85,9 отсто од луѓето постари од 12 години примиле две дози од вакцината.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!