Вие имате прво да ја знаете вистината

Египет како во време на фараоните, добива нов главен град во пустината: Претседателот нареди да почне преселбата (фото/видео)

Египетскиот претседател, Абдел Фатах ел Сиси и нареди на својата администрација да започне со преместување на канцелариите во новиот административен главен град, почнувајќи од следниот месец, а градот се наоѓа во пустината надвор од Каиро, изјави неговиот портпарол.

Претседателот и нареди на владата да започне шестмесечен пробен период во новиот комплекс почнувајќи од 1-ви декември, додаде неговиот портпарол Басам Ради.

Градот е најголемата инвестиција од мега проектите што Ел Сиси ги започна откако дојде на власт во 2014 година. Се гради на околу 45 километри источно од Каиро и е речиси двојно поголем од главниот град.

Планирано е да прими и вдоми 6,5 милиони луѓе. Критичарите го нарекоа новиот главен град – суета проект, верувајќи дека парите вложени во него, а се проценети на околу 45 милијарди долари, подобро би се искористиле за економско закрепнување и прилагодување на Каиро.

Но, владата верува дека е потребен нов град за да успее го апсорбира растечкото население на Каиро, кое се проценува дека ќе биде 40 милиони жители до 2050 година.

Претседателот, исто така, изјави дека новиот капитален проект и другите проекти, како што се новите патишта и станбени комплекси, се до проширувањето на Суецкиот канал, привлекуваат нови инвеститори и создаваат работни места за повеќе од 100 милиони Египќани.

Во новиот административен главен град ќе бидат сместени: претседателството, владата, парламентот и министерствата. Планот ветува голем јавен парк, аеродром, опера, спортски комплекс и 20 облакодери, вклучувајќи ја и најголемата зграда која ќе биде изградена во Африка, а ќе биде висока 345 метри.

Државниот весник, Ал Ахрам објави дека владата планирала да пресели 52.300 државни службеници во новиот главен град до средината на 2020 година, но плановите биле одложени поради пандемијата со коронавирусот.

Ел Сиси претходно изјави дека трансферот на владата во новата административна престолнина ќе означи нова ера во модерната работа на владата, а со тоа мислеше за напредната технологија која што ќе се користи во изградбата на владините згради.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!