Вие имате прво да ја знаете вистината

Град од лего коцки, архитектонско чудо кое е градено 11 години (фото/видео)

Comfort Town е посебен станбен блок во главниот град на Украина, а необичната населба привлекува внимание поради својот дизајн инспириран од Лего коцките. Иако е дел од Киев, поради својата изолација и специфичната архитектура, често го нарекуваат и како посебен град.

Тоа што лего коцките не го привлекуваат само детското внимание, умешно го искористија архитектите Дмитро Васиљев, Александар Попов и Олга Алфјорова од источноевропската компанија Архиматика, за да го реализираат овој необичен проект.

Тие најдоа инспирација во шарени градежни блокови за проектот Comfort Town, станбен блок во Киев, Украина.

За реализација на проектот беа потребни 11 години, но градот е благодарен бидејќи областа порано беше прилично незабележлива индустриска зона.

Кога го презедоа проектот, целта на архитектонското биро беше да ја развие областа среде прометниот украински град во прекрасен станбен блок кој, пред сè, може да се продаде – дури и во време на криза.

Архитектите имаа слобода во одлуките поврзани со трансформацијата на областа во место каде што луѓето навистина би сакале да живеат, па затоа не е чудно што тимот изградил нешто што изгледа како град на Лего коцките.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!