Вие имате прво да ја знаете вистината

Му се споиле жичките: Маж со ковид-19 скокнал од терасата на одделението за интензивна нега во Благоевград

60-годишен маж, сместен на одделението за интензивна нега со КОВИД-19, скокнал од балконот. За среќа не е повреден, јави БГНЕС.

Инцидентот се случил вечерва во 02.30 часот. Мажот кој пред неколку дена бил примен со сопругата, ја извадил маската за кислород, излегол од одделението и скокнал од балконот.

Одделот за интензивна нега е на прв кат, но од паркот пред одделението висината е 3 метри. По инцидентот, тој бил вратен на одделението со образложение дека не ја поднесува глетката на заглавените пациенти.

Пациентот е од село во близина на градот Кресна, неговата сопруга е сместена во друго одделение во болницата, исто така со КОВИД-19.

Во понеделникот 70-годишен маж, исто така заразен со коронавирус, скокнал од 7-ми кат во болница во Петрич и починал на лице место.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!