Руската енергетска компанија Газпром започна со испорака на природен гас до пет подземни складишта во Европа во ноември, потврди компанијата во вторникот.
Газпром го одобри планот за испорака на гас до пет подземни складишта во Европа за ноември и започна со негово спроведување – се наведува во соопштението, јавува Anadolu Agency (AA).
На 27 октомври, рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Гаспром да ги зголеми своите испораки на природен гас до складиштата во Европа, откако ќе ги наполни руските складишта.
Ова треба да понуди олеснување за европскиот пазар на гас, кој доживеа скокови на цените и недостиг на снабдување.