Вие имате прво да ја знаете вистината

Ни носот, ни стопалата не ја откриваат големината на половиот орган, туку еден друг дел од телото (видео)

Д-р Каран Раџ на TikTok, се повика на студијата која тврди дека големината на пенисот може да се мери според тоа колку е долг показалецот на мажот.

Постојат познати приказни дека и мажите со големи стапала и нос имаат голем пенис. Дали има вистина во тој мит, решиле да утврдат научниците, кои набрзо сфатиле дека ова е уште една од старите приказни што навистина „не пијат вода“. Сепак, се чини дека постои уште еден дел од телото што може да сигнализира дека мажот е надарен.

Д-р Каран Раџ, кој е популарен на TikTok, даде објаснување: „Според уролошката студија во „Asian Journal of Andrology“, пократкиот показалец во споредба со палецот е во корелација со поголем пенис.

Ова е познато како мерка, која се пресметува со делење на должината на показалецот со должината на малиот прст. Колку е помал показалецот, толку е помала мерката што се пресметува“, продолжи д-р Раџан.

„Помала мерка укажува на висока изложеност на тестостерон во матката. Според студијата, тестостеронот ја контролира не само идната должина на пенисот, туку и идната должина на прстот“, заклучил тој.

Некои корисници на TikTok се пошегуваа дека отсега ќе „шетаат со раце во џеб“.

Истражувањата покажаа дека просечната големина на пенис во ерекција варира од околу 13 cm до 18 cm. Не можете да го зголемите или намалите пенисот со вежбање или лекови, се наведува.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!