Вие имате прво да ја знаете вистината

Нова зараза се шири низ стариот континент, Франција во висок ризик, донесени се нови мерки!

Француската влада ја стави целата држава во состојба на висок ризик поради ширењето на птичји грип, бидејќи вирусот се шири низ Европа, соопшти Министерството за земјоделство.

Со овој потег, државата ќе ја прошири побарувачката за чување на стадата во затворени простории, мерка која што е во сила во некои области од септември.

Од почетокот на август, 130 случаи на птичји грип се откриени кај диви животни или на фарми низ Европа, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека се идентификувани три случаи помеѓу животните во североисточна Франција.

Затоа ќе се спроведуваат засилени превентивни мерки за заштита на живинарските фарми, се наведува во соопштението.

Исто така, холандските власти минатата недела им наредија на комерцијалните фарми да ги задржат сите стада внатре откако една фарма пријави птичји грип.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!