Вие имате прво да ја знаете вистината

Острови за кои се борат големите светски сили: Какво богатство кријат?

Курилските острови се име за вулкански архипелаг со кој владее Русија. Дел од тие острови ги присвојуваат и Јапонците, но тоа е тема за себе, а нас не интересира што е надвор од политиката, кавгите, а донекаде и – луѓето. Одиме на Далечниот Исток, на Пацификот, каде што малку луѓе живеат во прекрасната и речиси недопрена природа, а фотографиите кои се направени таму се нереални.

Токму поради тектонските потреси и фактот што се наоѓаат во Пацифичкиот огнен круг, Курилските острови изгледаат неверојатно убаво, а нивните карпести формации се без конкуренција. Зимите се долги, студени и бурни, а летата се кратки и магливи.

Се препорачува островот да се види со брод, бидејќи на тој начин ќе имате можност да ги видите вулканите од безбедно растојание. Од речиси стотина вулкани во областа, дури четириесет се уште се активни.

Исто така, ќе можете да запознаете неколку неверојатни видови птици, меѓу кои се издвојуваат мустаќестата норка во облик на патка, со црно-белите мустаќи и смешниот зачуден изглед.

Меѓу локалното население лесно ќе ги забележите домородните, членови на племето Аину. Лицата им се покриени со тетоважи, имаат свој јазик и се верни на своите традиции како раскажување стари приказни.

Трите најпопуларни острови што треба да се посетат се Кунашир, Итуруп и Шикотан, а подгответе се да останете на еден од нив неколку дена поради големите магли или бури што може да се појават.

Посеверно, ненаселените острови можете да ги посетите само преку туристичка агенција, што е можеби уште подобро бидејќи тогаш сте мирни и во сигурни раце.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!