Вие имате прво да ја знаете вистината

Падна Твитер, што се случува со мрежите?

Социјалната мрежа Твитер повторно стана недостапна за голем број корисници од САД, Велика Британија и Нов Зеланд.

Според последните податоци, жителите на овие земји го пријавиле проблемот во компанијата, бидејќи имале потешкотии при пристапот до мрежата, но и при прикажување на понови содржини.

Поточно, социјалната мрежа прикажуваше застарени кориснички твитови.

Технички проблеми со Twitter и неговата апликација се појавија попладнето, околу 12:50 часот, а се чини дека сега околу 20:00 часот е забележан голем проблем со споменатата мрежа, бидејќи корисниците немаат пристап.

Повеќе од 3.000 Американци го пријавиле проблемот до 12:50 часот, а во исто време тоа го направиле и корисници од Велика Британија – некаде околу 1.800 корисници.

Новозеланѓаните исто така почнаа да пријавуваат технички проблеми во компанијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!