Вие имате прво да ја знаете вистината

По една година истрага откриени фрапантни детали за самоубиството на големата надеж на Манчестер Сити

Поранешниот младински играч на Манчестер Сити, Џереми Вистен (18) се самоуби на 24 октомври минатата година, а по истрагата која траеше речиси една година, беа откриени некои зачудувачки детали.

Фудбалерот бил пронајден безживотен во својот дом од неговата мајка, а и покрај напорите на лекарите да го спасат, смртта била констатирана на лице место.

Според островските медиуми, причина за неговото самоубиство била повреда која му ја уништила кариерата. Џереми на 13 години успеа да влезе во академија на Манчестер Сити и сè укажуваше на извонредната кариера на младиот играч.

Сонот, сепак, беше уништен во 2018 година, кога ги повреди лигаментите на коленото, а потоа не успеа да го продолжи договорот со клубот за кој отсекогаш навивал.

Џереми потоа падна во депресија поради фактот што не доби нов договор и гледајќи како неговите пријатели од младинските категории на Сити градат кариера.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!