Вие имате прво да ја знаете вистината

По пет години шампионот на НБА го прекина бојкотот на Белата куќа: Долга традиција која беше замрзната поради Доналд Трамп

Кошаркарите на Милвоки Бакс, актуелни шампиони во НБА лигата ја посетија Белата куќа.

Таму беа примени од актуелниот американски претседател Џо Бајден .

Така, традицијата продолжи по пет години и Бакс станаа први по играчите на Кливленд во 2016 година, кои тогаш, во Белата куќа, беа примени од Барак Обама .

Имено, во времето кога таму седеше Доналд Трамп , оваа традиција беше прекината поради несогласувања со тогашната претседателска политика, па така Голден Стејт Вориорс, шампиони од 2017 и 2018 година и Торонто Репторс, шампиони од 2019 година не сакаа да се појават во Белата куќа, додека шампионите од 2020 година, Лос Анџелес Лејкерс не можеа ниту да дојдат поради тогашните ограничувања предизвикани од пандемијата на коронавирус.

Кошаркарите на Милвоки минатата сезона, точно педесет години по премиерата, ја освоија втората титула во историјата, а во оваа прилика на претседателот Бајден, 46-ти по ред во американската историја, му го подарија дресот на Бакс со број 46.

Претседателот Бајден, пак, истакна дека освен со спортскиот терен, актуелните шампиони во НБА се истакнале и со социјалната акција и посветеноста на еднаквоста и ги охрабри американските граѓани да имаат потреба од вакцинирање во сегашно време.

Најдобриот играч на Милвоки, Џанис Антетокунмпо , во меѓувреме, изјави пред Белата куќа:

– Нашиот тим е вистински пример за напорна работа и пожртвуваност. Ако имате цел, будете се секој ден со желба да станете уште подобри во она што го работите и да го сакате и да се осмелите да сонувате. Ова е она што го правиме цел живот. Со напорна работа се е можно, изјави најкорисниот играч на финалето од минатата сезона.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!