Вие имате прво да ја знаете вистината

По поразот на Јунајтед од Сити повторно се тресе клупата на Солскјер: Кои играчи на Манчестер лобираат и го рушат Оле?

По поразот на црвените ѓаволи викендов од граѓаните во градското дерби во рамки на Премиер лигата, повторно главна тема во медиумите е приказната за отказ на норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер.

Некои англиски медиуми, помеѓу кои и истакнатиот Daily Maily, пишуваат дека норвешкиот тренер ја загубил соблекувалната. Наводно, фудбалерите протестираат против него, а се започнало од Бруно Фернандез.

Тој смета дека Солскјер не е дораснат за да го води Јунајтед, а, според англиските медиуми, Кристијано Роналдо исто така почнал да зборува против Норвежанецот, кој не е задоволен што Јунајтед мора да го спасува од пораз на повеќето натпревари. Секако, меѓу незадоволните е и Холанѓанецот Дони ван Де Бик.

Исто така, проблем е и Хари Мегваер, односно односот на тренерот кон капитенот. Многумина веруваат дека секој играч, без разлика на неговото место во тимската хиерархија, мора да одговара за лошите игри.

Манчестер Јунајтед е на шестата позиција во Премиер лигата со 17 бодови, девет помалку од водечките Челзи и Манчестер Сити.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!