Вие имате прво да ја знаете вистината

Португалскиот волшебник Рикардињо рече нема повеќе, објави крај на својата богата кариера

Според многумина, најдобриот футсал играч кој го гледал светот ќе ја заврши кариерата на 36 години.

Португалскиот мајстор во мал фудбал, Рикардињо, реши да се збогува со професионалното занимавање со овој спорт.

Според многумина, најдобриот футсал играч кој го гледал светот ќе ја заврши кариерата на 36 години.

Денес објавувам крај на репрезентативната кариера. Тоа беше неверојатно и незаборавно патување. Ова е најтешката одлука во мојата кариера, изјави Рикардињо.

За оние кои не знаат, Рикардињо шест пати е избран за најдобар футсал играч на планетата. Во текот на својата кариера ги бранеше боите на Бенфика, Нагоја, ЦСКА Москва, Интер Мовистар и АЦЦС. Во кариерата има повеќе од 30 златни медали, меѓу кои и три од Лигата на шампионите на УЕФА во футсал.

https://www.instagram.com/p/CWEbiQ_A6ZN/?utm_source=ig_embed&ig_rid=12848896-66e2-4388-9241-79f2f068593a

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!