Вие имате прво да ја знаете вистината

Познати личности кои светската слава ја достигнаа од сиромаштија

Иако тие денеска се светски познати личности и се чини дека отсекогаш биле богати, но не сечиј пат до славата е сервиран на тацна. Многу од познатите личности пораснале во беда и сиромаштија, далеку од луксузот и богатството во кое уживаат сега. Преку патот полн со трња отидоа до ѕвездите и затоа тие денеска уште повеќе го ценат тоа што го имаат.

Сара Џесика Паркер

Ѕвездата на култната серија Сексот и градот, имаше многу можности да ги покаже своите извонредни актерски способности. Таа е особено позната по нејзините интересни и забавни улоги во романтични филмови.

Од друга страна, нејзиното детство и младост не биле нималку забавни и романтични. Нејзиното семејство со години живеело од социјална помош. Таа пораснала во Охајо, и постојано вели дека нејзиното семејство ретко прославувало, како што се родендени или Божиќ. Се сеќава дека знаеле да живеат без струја и телефон, бидејќи немале пари да ги платат сметките.

Арнолд Шварценегер

Сите ние сме слушнале за Арнолд, нели? Врвен актер од холивудските акциони филмови, поранешен професионален бодибилдер и поранешен гувернер на Калифорнија. Но, Арнолд имал тешко детство.

Роден е во 1947 година во Австрија во сиромашен и скромен дом, во кој немало ни вода ни телефон. Навистина морал да стиска заби и да се потруди да го постигне тоа што го има денес. Првиот чекор бил да се пресели во САД. После тоа, тој никогаш не престанал да се труди, да работи и доволно да се бори за се што ќе добие и има денеска.

Ед Ширан

Денес речиси и да нема човек кој не слушнал за него. Светски успешниот поп пејач со милијарди прегледи на Youtube, кој за рекордно време ги распродава најголемите светски стадиони, а е една од најбараните ѕвезди во светот на забавата.

Но, тоа не беше секогаш ваков случај. Ед доаѓа од Обединетото Кралство без пари и се бореше и жртвуваше многу сè додека не го стекна своето место на американската музичка сцена. Една вечер додека настапувал во еден мал бар, Џејми Фокс за среќа се нашол во истиот бар и бил импресиониран од неговиот настап. Без огромната поддршка што му ја пружи Фокс по првата средба, прашање е како би изгледала неговата кариера денес.

Опра Винфри

Една од највлијателните жени во светот, Опра Винфри, е глобален феномен. Во своето ток-шоу своевремено им подаруваше автомобили на сите присутни во публиката. Но, раните денови на популарната Опра, беа далеку од тој луксуз.

Таа е родена во сиромашно семејство во државата Мисисипи, но тоа никогаш не ја спречило да добие стипендија за државниот колеџ во Тенеси. Таа беше првата афроамериканска ТВ дописничка во САД. Таа е рангирана како најголемиот афро-американски филантроп во САД, а се останатото е историја

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!