Вие имате прво да ја знаете вистината

Претседателот на БИХ го прекина интервјуто за Танјуг, новинарот одбиваше да го признае геноцидот во Сребреница (видео)

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, го прекина денешното интервју за српската новинска агенција Танјуг бидејќи новинарот за време на разговорот го негираше геноцидот во Сребреница.

Тема на разговор беше актуелната политичка ситуација во БиХ и блокадата на Милорад Додик. Во еден момент Комшиќ рече дека не може да се игнорира приказната за формирањето на војската на Република Српска, која беше осудена за геноцид.

Новинарот тогаш изјави дека имало злосторства на сите страни, со што Комшиќ се согласил, но со забелешка дека немало геноцид на сите страни.

Новинарот инсистираше на тоа дека во Сребреница се случило „страшно злосторство“.

„Тоа е геноцид и пишува во пресудата на меѓународниот суд, тоа не е мој став“, нагласи Комшиќ.

Комшиќ потоа го праша новинарот дали се согласува со тоа, со пресудата на меѓународниот суд.

Новинарот рече дека не може да се согласи со геноцидот во Сребреница, а потоа Комшиќ го напушти интервјуто со порака: „Тогаш ова интервју ќе треба да го направите со некој друг“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!