Вие имате прво да ја знаете вистината

Пријателот на Заев, Бојко Борисов убедливо води на анкетите, Каракачанов тоне како Титаник со рејтинг од еден отсто

Во недела во Бугарија се одржуваат третите по ред парламентарни избори оваа година, како и првиот круг на претседателските избори. Според анкетите на Маркет Линкс се очекува излезност од околу 58 отсто.

Истражувањето беше финансирано и спроведено заеднички од bTV и агенцијата, спроведено меѓу 1112 лица над 18 години во земјава во периодот 2-7 ноември со директно, лично интервју и онлајн анкета.

Според резултатите од анкетата, ГЕРБ-УДФ се појавува како јасен победник. Резултатот може да се промени за плус или минус еден и пол отсто.

Коалицијата ГЕРБ-УДФ има доверба од 23 отсто, Промените продолжуваат од 16,3 отсто, социјалистите БСП од 12,1 отсто, партијата на Турците, ДПС 11,2 отсто. Демократска Бугарија има 10,5 отсто. Според истражувањето, Има таков народ на Слави Трифонов, кои беа победници на вторите избори во текот на летото, сега се паднати дури на шестото место со поддршка од 9,7 отсто.

ВМРО на Каракачанов тоне како Титаник со рејтинг од 1,2 отсто.

Истражувањето покажува и дека над 70 отсто имаат негативен став кон развојот на државата. Има висок раст на незадоволството, стравот, немањето стабилно владеење. Кампањата стана заложник на кризата со ковид, која сепак ги однесе животите на над 330 луѓе. Мерките и нивното отсуство луѓето ги поврзуваат со Радев, тоа го поткрепува и негативната кампања против него.

Румен Радев има поддршка од 46,7 отсто. Ова е повеќе од 20 поени разлика пред вториот, Анастас Герџиков, поддржан од ГЕРБ-УДФ, кој доби 25,6 отсто. Кандидатот на ДПС Мустафа Караџа е трет со 10,3 отсто поддршка, а Лозан Панов добива 7,7 отсто од гласовите.

Лидерот на Вазраждане, Костадин Костадинов има поддршка од 2,6 отсто од гласачите, а пејачката Луна Јорданова е шеста со околу 1,3 отсто.

За претседателските избори најверојатно ќе се одлучува во вториот круг, сметаат социолозите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!