Вие имате прво да ја знаете вистината

Протести во Белград, српската полиција го чуваше муралот на Ратко Младиќ, министерот Вулин пред него остави еден цвет (видео)

Вечерашниот протест во Белград заврши без поголеми инциденти, но како што рече еден од насобраните протестите ќе продолжат и во наредните денови.

Улиците се затворени за сообраќај, а наоколу се распоредени десетици полицајци во цивилна облека и десетици полицајци во опрема за разбивање демонстрации, јавуваат медиумите.

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин вечерва се појави на улицата Његошева и остави цвет пред муралот на воениот злосторник Ратко Младиќ, се разбира, додека тензијата меѓу десничарите и граѓаните собрани околу Аида беше во полн ек.

Приврзаниците на Ратко Младиќ преку полицискиот кордон фрлаа штици и јајца кон насобраните граѓани, додека кородонот ги раздели на аголот од улиците Проте Матеја и Његошева.

Граѓаните со мирен протест вечерва сакаа да го изразат своето незадоволство од денешниот инцидент на улицата Његошева, кога активистите фрлаа со јајца на муралот на криминалецот Ратко Младиќ, а потоа беа приведени.

Инаку, активистката за човекови права Аида Чоровиќ, која денес беше приведена откако фрли неколку јајца на муралот на Ратко Младиќ на аголот кај Његошева и Алекса Ненадовиќ во Белград, беше ослободена од полицијата.

Активистите најавија протест во 19 часот пред Синдикалниот дом поради нејзиното апсење.

По апсењето на Чоровиќ, полицијата ја однела и активистката, уметничката Јелена Јаќимовиќ, јавува порталот Нова.рс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!