Вие имате прво да ја знаете вистината

Пукање на границата, растат тензиите, свикан итен состанок, има жени и деца, се огласи Стејт департментот (видео)

Пукање се слушнало од полската страна на границата со Белорусија, на локацијата каде има околу 1.000 бегалци, изјави портпаролот на белоруската гранична служба.

Прес-службата на граничната служба ја информира јавноста дека се слушнале истрели од полската страна на границата“, изјави портпаролот за ТАС С.

Во моментов во близина на белоруската граница со Полска има околу 3.000 до 4.000 мигранти, а илјадници од нив се подготвени да ги следат, изјави денеска портпаролот на полската влада Пјотр Милер.

Во Белорусија има повеќе од 10.000 луѓе кои се подготвени да ја преминат полската граница, рече Милер, пренесува Ројтерс.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак на Твитер изјави дека повеќе од 12.000 војници се распоредени на границата, 2.000 повеќе од 10.000 војници кои неодамна биле таму, пренесе АП.

Полската влада закажа итен состанок, а премиерот Матеуш Моравјецки на Фејсбук напиша:

Границата на полската држава не е само линија на картата. Оваа граница е нешто свето за кое е пролеана крвта на генерацијата Полјаци.

Поради големиот прилив на мигранти, Литванија испрати војска на границата со Полска и Белорусија, а властите, како што пренесува Ројтерс, ќе размислат за воведување вонредна состојба на границата.

Да потсетиме, колона илегални мигранти ја напушти територијата на Белорусија и влегоа во Полска.

Варшава за тоа ги обвинува белоруските власти, наведувајќи дека тоа е „уште една акција на белорускиот непријател насочена кон Полска“.

Два баталјона на полската армија се мобилизирани поради ситуацијата со мигрантите на границата со Белорусија, се наведува на армискиот Твитер.

Судејќи по фотографиите, на граница има многу жени и деца, меѓу кои и бебиња.

На границата меѓу Белорусија и Полска има околу 3.000 мигранти. Почнале да поставуваат шатори и да палат оган, објави агенцијата Белта.

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека официјален Вашингтон е загрижен поради вознемирувачките слики и извештаи од границата меѓу Полска и Белорусија. Во соопштението се повикува владата во Минск веднаш да ја прекине кампањата за насочување на нерегуларните бегалски текови преку нејзината граница, пренесува Ројтерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!