Вие имате прво да ја знаете вистината

САД по 19 месеци ги отвара границите со Канада и Мексико

Соединетите Американски Држави (САД) повторно ги отворија границите со своите соседи, односно со Канада и Мексико, кои беа затворени во изминатите 19 месеци, а беа пропуштани само итни случаи поради пандемија со коронавирус.

Според новата гранична политика што ја објави Белата куќа, канадската и мексиканската граница, кои беа отворени само за итни околности веќе 19 месеци, од денеска се отворени за сите патници.

Од денеска, луѓето кои се целосно вакцинирани против коронавирусот ќе можат да влезат и да излезат од САД со докази за вакцината, по копнен, воздушен и воден пат.

Американската администрација ги затвори границите со Канада и Мексико во март 2020 година поради епидемијата на коронавирус.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!