Вие имате прво да ја знаете вистината

Северина и посвети емотивни зборови на својата мајка (фото)

Популарната балканска пејачка Северина на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија со мајка си и и посвети емотивна објава.

Оваа прегратка ме направи човек, овие раце ми вградија топлина и нежност, нејзиното срце, храброст, нејзината подршка и сигурност, нејзиното достоинство. Мама е моето најсигурно место, напиша во описот на фотографијата пејачката, на која таа е во прегратка со мајка си.

https://www.instagram.com/p/CWA6oF1oswf/?utm_source=ig_web_copy_link

Северина моментално е во родниот град Сплит, каде поминува време со своето семејството.

Не крие колку е блиска со мајка си Ана, која била секогаш со неа во најтешките моменти од животот.

Ова е мајка ми, кој и да ја сретне, сите ја сакаат – секогаш е весела, агилна, луцидна, духовита, да не зборувам и нејзините 82 години. Кога не беше дома, тоа беше бездушна куќа за мене. Во најтешките моменти од мојот живот секогаш беше блескаво прецизна, напиша еднаш Северина, а на големиот концерт во Загребската Арена во 2019 година од сцената извика: Мамо!

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!