Вие имате прво да ја знаете вистината

Сите момчиња во животот на Јелена Розга, секогаш сакала помлади а само еден остана до неа секогаш (фото)

Љубовниот живот на Јелена Розга за многумина се уште е вистинска интрига, а пејачката умешно го крие и ретко го коментирала нејзиниот приватен живот.

Убавата Јелена Розга од Сплит, не зборува често за својот приватен живот. А кога е одлучила на јавноста да и го покаже својот партнер, никогаш не е била дел од скандали и разни афери.

Неколку мажи и го одбележаа животот на пејачката, но само еден остана со неа до денес.

Иван Хуљиќ
Повеќе од 10 години кружат разни приказни дека убавата пејачка била вљубена во Иван Хуљиќ, синот на Тончи Хуљиќ, клавијатуристот на нејзината поранешна групата Магазин. Иван е 11 години помлад од Јелена, но оваа вест е малку бизарна бидејќи долго време се зборуваше дека Јелена е во блиска врска со таткото на Иван, Тончи.

https://www.instagram.com/p/BsfSvqknVe6/?utm_source=ig_web_copy_link

Иван и Јелена се познаваат од 1996 година, кога таа сè уште беше главниот вокал на групата Магазин, а 13 години подоцна започнуваат шпекулациите дека помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство. Таа тогаш има 32 години, а тој 21 година.

Сепак, двајцата никогаш не ја потврдија наводната врска.

Потрошив време и енергија на луѓе и места на кои немав потреба. Емоционалната инвестиција е најскапата работа и најголемиот луксуз што може да си го дозволите, затоа треба да се задржи, вели таа.

Прекрасно е кога имаш со некој да споделиш сè, среќа, тага, успех и неуспех, но мислам дека тоа не е единственото мерило за среќата, бидејќи среќата доаѓа од внатре и ако си исполнет, со некој само ќе ја допрете таа среќа, а нема да ја правите – изјавила пејачката во една прилика.

Стјепан Хаузер
Јелена Розга и Стјепан Хаусер, кој е поранешен член на дуото 2Cellos, врската ја започнаа во 2015 година. Нивната љубов беше како оние од бајките – без никаков проблем, иако не е јавно многу прикажана. Тие потоа се верија, но по две години љубов, следуваше крај.

https://www.instagram.com/p/CVvSlQ2jYEP/?utm_source=ig_web_copy_link


Хрватските медиуми тогаш објавија дека тие двајца одлучиле да стават крај на љубовната романса бидејќи сакале секој да си тргне по својот пат. Вистинските причини, секако, останаа тајна за јавноста.
Сепак, по две ипол години врска, тие сакале да останат во добри односи и по неуспешниот обид за брак.

Марко Будановиќ
Марко Будановиќ е опасен дечко од Хрватска кој имал доста проблеми со почитување на законот.

Овој поранешен сопственик на ноќен клуб во Задар пред неколку години го поврзуваа и со Јелена Розга, при што се ова остана на ниво на шпекулирање.

Иван Пажанин
Јелена Розга, која таблоидите ја поврзуваа и со поранешниот сопруг на Северена, Милан Поповиќ, летово стапила во контакт со својот сограѓанин, познатиот сплитски готвач Иван Пажанин.

Иван е седум години помлад од неа, а пејачката го запознала во март додека гостувала во неговата емисија „Готвење со Пажанин“, каде била гостинка заедно со Тончи Хуљиќ.

https://www.instagram.com/p/CPqqHoUtNhp/?utm_source=ig_web_copy_link

Двајцата, наводно, останале во контакт и по нејзиното гостување во емисијата, а во меѓувреме се разгорела љубовта помеѓу нив.

Но, таа неодамна изјави дека е слободна девојка и со тоа ги отфрли сите шпекулации дека конечно го запознала вистинскиот.

Анте Бурази
Сепак, сите овие години еден маж е речиси секогаш со Јелена, додека други доаѓаат и си одат. Тоа е нејзиниот фитнес тренер Анте Бурази, со кој се појавува на многу јавни настани и се зборува дека се доста блиски.

https://www.instagram.com/p/CPBCWBaF9gn/?utm_source=ig_web_copy_link

Тие и двајцата тврдат дека се само долгогодишни пријатели. А освен тоа, се шпекулираше дека Анте и бил утеха кога таа раскинала со Стјепан Хаусер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!