Вие имате прво да ја знаете вистината

Скандал во Франција: црквата ќе продава дел од својот имот за да им исплати на жртвите од сексуалните злосторства извршени од свештениците!

Француските католички бискупи во понеделникот се согласија да продадат дел од имотот на црквата за да им платат отштета на илјадници деца кои биле сексуално злоупотребувани од страна на свештенството.

Црковните службеници во Франција беа под зголемен притисок да дадат компензација на жртвите, откако истрагата потврди сексуална злоупотреба на малолетни деца од страна на свештеници во периодот од 1950 година се до 2020 година.

Ќе биде формирана независна комисија која ќе ги процени барањата и ќе обезбеди средства за компензација, односно индивидуална компензација на жртвите, изјави Ерик де Мулен-Бофор, шеф на Француската бискупска конференција (ЦЕФ).

Тој го објави ова на крајот од состанокот со 120 членови на конференцијата за тоа како да се одговори на шокантната истрага за масовниот феномен на сексуални напади врз деца, кој со децении беше криен од очите на јавноста и не се зборуваше за тоа.

Истрагата ја повика Црквата да им плати на жртвите од сопствениот имот, наместо да бара од верниците да донираат средства за компензација за злосторствата извршени од страна на нивното свештенството.

Црквата веќе даде ветување дека ќе формира фонд за почнување со наплата на компензацијата веќе од следната година, а сега ќе го зајакне фондот со продажба на недвижен имот во сопственост на Епископската конференција на Франција и епархиите, изјави Молинс-Бефор по состанокот во католичкото светилиште во Лурд.

Тој изјави и дека доколку е потребно ќе побара заем од банките и дека ќе испрати барање до Ватикан да испрати набљудувач кој ќе го следи одговорот на Француската црква.

Во извештајот од 2.500 страници објавен минатиот месец се наведува злоупотребата на 216.000 малолетни лица од страна на свештенството во наведениот период, но бројка се зголемува на 330.000 кога се вклучени и тужбите против црковните мирјани, како што се наставниците во католичките училишта.

Здруженијата на жртви изјавија дека зборовите не се доволни и бараат компензација што ќе ја чини Црквата десетици милиони евра.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!