Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови мерки во Словенија, состојбата е критична, нема прослава на родендени, се најавуваат нови протести!?

Словенија се уште е во критична ситуација од пандемија со коронавирусот, тие моментално го доживуваат четвртиот бран на коронавирус, болниците продолжуваат да се полнат, а во последните 24 часа се потврдени 3.344 нови заразени со Ковид-19, а битката со животот ја загубиле 12 луѓе.

Денеска во Словенија се направени 7.615 PCR тестови од кои 3.344 се позитивни на Ковид-19, а тоа преставува високи 43,9 отсто позитивни резултати од тестовите, објави денеска Националниот институт за јавно здравје, а во моментов во Словенија има 37.669 активни случаи.

Во просек, во последната недела имало по 3.194 ново заразени дневно, но најзагрижувачка е состојбата во болниците, каде примањето на пациенти со Ковид-19 се во пораст.

Во болниците моментално има 874 пациенти, што е за 240 пациенти повеќе од пред седум дена. Расте и бројот на оние одделенијата за интензивна нега, за една недела од 158 пациенти се зголеми бројката на 187 пациенти.

Поради тешката епидемиолошка состојба, Владата во понеделник воведе нови мерки, но не се одлучи да ја затвори државата во време траење од 14 дена, како што предложија епидемиолозите поради опасност од колапс на болничкиот систем.

Интересот за вакцинација против Ковид-19 е зголемен во последните денови, опфатот со вакцинација е сè уште под посакуваното ниво и изнесува 53,4 отсто од вкупното население, што е за 0,4 процентни поени повеќе од пред седум дена.

Меѓу другото, мерките пропишуваат поширока примена на потврдите за Ковид-19 вакцинација, со презентација на документи за идентификација, скратено работно време на локалите и забрана за работа на ноќни клубови и дискотеки, но и почесто тестирање за коронавирус на учениците во основните и средните училишта, како и забрани за големи јавни собири.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!