Вие имате прво да ја знаете вистината

Спасителот пристигнува на Олд Трафорд со полна торба подароци, а во неа има и еден капиталец

Германскиот тренер Ралф Рагник во секој момент треба да скокне во тренерската фотеља на Манчестер Јунајтед .

Според британскиот Манчестер Ивнинг Њуз, доколку тоа се случи, поранешниот спортски директор на Салцбург и Лајпциг нема да дојде на Олд Трафорд со празни раце, туку ќе се појави со „торба полна со подароци“.

Солскјер едвај преживува, некако се уште се држи по поразот од градскиот ривал, Манчестер Сити со 0-2, но се чини дека тоа е последната капка. Според весникот, Рангник ќе ги донесе Денис Закарија, Норди Мукиеле, Дани Олмо и Ерлинг Халанд како најголем капиталец.

Со три од овие четворица, Рагник веќе работеше во еден од тимовите на Ред Бул. Единствениот со кој нема работено е Швајцарецот Закарија кој моментално е во редовите на Борусија Менхенгладбах.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!