Вие имате прво да ја знаете вистината

Sвездата во серијата Менталист раскина со 16 години помладата дизајнерка бидејќи била антиваксерка!?

Неколку недели по објавувањето на разводот од сопругата, Сајмон Бејкер започна врска со Лора Меј Гибс во февруари

Сајмон Бејкер (52) раскина со дизајнерката Лора Меј Гибс (36), а таа вест ја потврди и портпаролот на познатиот актер, кого можевме да го гледаме во популарната ТВ серија Менталист.

„Мирно раскинаа пред неколку месеци“, рекол тој, но не ги открил причините за љубовниот бродолом, пишува Дејли мејл. Но, некои сè уште шепотат дека прекинот е поради антивакциналните убедувања на Лора, иако менаџментот на актерот тврди дека тоа не е вистина.

Лора на официјалната страница на Инстаграм на нејзиниот моден бренд Нагната во октомври напиша дека нема да ја отвори својата продавница во австралискиот Нов Јужен Велс додека невакцинираните не добијат законски дозвола да купуваат таму.

https://www.instagram.com/p/CN6MER-j1mX/?utm_source=ig_embed&ig_rid=12c90f36-3ea8-4e74-b9a1-96151a6b07d7

Ќе работиме повторно само кога СИТЕ ќе бидат добредојдени без страв од осуда, рече таа. Дизајнерот минатиот викенд учествуваше и на австралиските протести против задолжителната вакцинација.

Веќе добивам пораки од луѓе кои поради ова останале без работа, не сте сами – објави таа на социјалната мрежа.

За потсетување, Сајмон и Лора ја започнаа својата врска околу февруари оваа година – тогаш во јавноста протекоа нивните први заеднички фотографии. А, пред само неколку недели, актерот објави дека се разведува од сопругата, колешката Ребека Риг (53), со која беше во брак од 1998 година и имаат три деца, Стела (27), Клод (22) и Хари ( 19).

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!