Вие имате прво да ја знаете вистината

Тие го имаат крајниот датум на пандемијата, Данска се ослободува од маските, социјалната дистанца и рестрикциите

Водечка професорка по епидемиологија изјави дека пандемијата во Данска ќе заврши во пролетта 2022 година.

Тогаш ќе има доволно луѓе кои ја примиле вакцината против вирусот, или се стекнале со имунитет преку прележување на вирусот, додава таа.

Како што ќе напредува епидемијата, веројатно до пролет би го достигнале колективниот имунитет, бидејќи дотогаш повеќе од девет луѓе по глава на жител од секој десети ќе бидат имуни. Тогаш пандемијата е завршена, барем овде кај нас, изјави Лоне Симонсен, професорка по епидемиологија на Универзитетот Роскилде. Во интервју за германскиот магазин Шпигел, Лоне Симонсен изјави дека ситуацијата ќе се промени доколку се појави нова мутација на вирусот, на која вакцината ќе не може да делува.

Данска има една од највисоките стапки на вакцинација во Европа, со околу 95 отсто од лицата постари од 50 години, за кои се смета дека се целосно вакцинирани, а досега се вакцинирани речиси 77 отсто од вкупното население.

Иако минатата недела имаше забележителен пораст на бројот на новозаразени, Симонсен рече дека не е особено загрижена.

Сега можеби ќе видиме нагло зголемување на новозаразени, но не и нагло зголемување на сериозните симптоми и смртни случаи, изјави таа.

Данската влада ги укина условите за носење маски и социјално дистанцирање, а за разлика од многу други европски земји, луѓето не мора да покажат доказ за вакцинација пред да влезат во културни институции или во ноќните клубови. 

Оваа пандемија сега има сосема поинаков карактер, таа е пандемија на невакцинираните. Таа веќе не е закана за целото општество. Сега и дозволуваме да си оди по својот тек, дури и ако тоа ќе предизвика локални епидемии. Тие повеќе нема да бидат смртоносни како претходно, со воведувањето на вакцините, заклучи Лоне Симонсен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!