Вие имате прво да ја знаете вистината

Трагедија во Турција: Се урна зграда, луѓе заробени во урнатините (видео)

Откако се урна деловна зграда во Малатија во источна Турција, десет луѓе останаа заробени во урнатините, а 13 се спасени, соопштија спасувачите.

Дваесет лица биле во зградата во моментот на несреќата, нешто пред 17 часот по локално време, изјави гувернерот на провинцијата Малатија, Ајдин Барус.

Повеќе од два часа по почетокот на спасувачките операции, десетина луѓе се уште се заробени во урнатините, пренесува ТВ каналот Хабертурк.

Тринаесет лица се спасени и хоспитализирани, според владината агенција за управување со природни катастрофи (Афад).

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, напиша на Твитер Фахретин Алтун, офицер за комуникации на турското претседателство.

Двајца од повредените се во тешка состојба, прецизира каналот НТВ.

Малатија е град со 450.000 жители, 500 километри како врана лета од Анкара.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!