Вие имате прво да ја знаете вистината

Во само неколку месеци втора средба на Додик и Ердоган, што се договараат?

Милорад Додик, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, денеска престојува во Турција на разговор со претседателот на оваа земја, Реџеп Таип Ердоган.

Додик беше пречекан од турскиот потпретседател Фуат Октај пред претседателската палата во Анкара.

Средбата меѓу Додик и Ердоган штотуку започна во претседателската палата во Анкара. Додик вчера изјави дека со Ердоган ќе разговара за ситуацијата во БиХ и оти верува дека ќе има разбирање.

Во краток временски период ова е втора средба на Ердоган и Додик во Анкара. Минатата недела Додик во Бања Лука имаше средба со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, а на тој начин полека се исцртуваат новите сојузништва на Балканот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!