Вие имате прво да ја знаете вистината

Во шест часот наутро цепи дрва, навечер оди во парна бања и здрав е како дрен, Лукашенко откри од каде ја црпи силата (видео)

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на средбата со медицинскиот персонал најави од каде црпи сила и енергија секој ден.

Многу е важно да живееме нормален живот. Сигурен сум во тоа. Се храниме нормално и водиме нормален начин на живот – нагласи Александар Лукашенко.

Претседателот даде пример како би изгледал неговиот ден денес. Според Лукашенко, како и обично, станал во 5.45, а веќе во 6.00 сечел дрва. Вечерта планира да оди во парна бања.

Обичен начин на живот. Тоа е главното – убеден е шефот на државата.

Друго важно правило на претседателот: Не се плашите.

Особено околу оваа болест (корона). Зашто, штом почнеш да трепериш – веќе си се разболел и никогаш нема да оздравиш ако си премногу загрижен – рекол Лукашенко.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!