Вие имате прво да ја знаете вистината

Заради сертификати грчките трговци не пуштале македонски клиенти во продавниците: Имаат проблем со системот за вакцинирани

Пазарџиите во Солун не им дозволија влез на туристите од Бугарија, Романија и Македонија, кои го посетија градот во текот на викендот, откако беа спроведени новите мерки за заштита од ковид-19. Причината е што сертификатите издадени во нивните земји не се појавуваат во грчкиот систем за сертификација.

Ова го наведува Солунската стопанска комора во писмо испратено до министерот за развој и инвестиции Адонис Георгиадис, министерот за цивилна заштита Панајотис Теодорикакос.

Ве молиме наведете што треба да се направи во овој случај, поради информациите за лажни сертификати издадени од горенаведените земји, но дефинитивно не се сите лажни. Бараме итен одговор, бидејќи во тешките времиња што ги поминуваме, го немаме луксузот да изгубиме ниту еден клиент, потенцираат од Трговското здружение.

Проблемот со европските сертификати кои не ги издава Грција е проблем и за европските граѓани кои легално живеат во Грција, а се вакцинирани во својата татковина. Во грчкиот здравствен систем тие се појавуваат невакцинирани, бидејќи вакцинацијата се врши врз основа на здравствено осигурување број АМКА, кој се издава во Грција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!