Вие имате прво да ја знаете вистината

Клоп е подобар од сер Алекс Фергусон, тврди тренерот со најмногу натпревари во англискиот фудбал

Англискиот стручњак Нил Ворнок истакна дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е подобар тренер од легендарниот стратег на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

Како што истакна, Германецот е трет на неговата листа. На врвот е Арсен Венгер, додека втор е Пеп Гвардиола.

Би го ставил Клоп на третото место бидејќи мислам дека е на почетокот и ќе постигне поголем успех. Мислам дека има уште 10 години во себе. Тој лесно може да се искачи на првата позиција за неколку години, истакна тој.

Ворнок неодамна постави рекорд со најмногу натпревари во англискиот фудбал како тренер (1.602). Покрај тоа, со осум унапредувања во повисок ранг го држи рекордот во тој сегмент.

Сепак, тоа не ги спречи челниците на Мидлсброу да ја прекинат соработката со него претходниот викенд.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!