Вие имате прво да ја знаете вистината

Масимо Савиќ мета на уценувачи: „Ми бара пари, сега само да видам од која сметка да му платам“

Музичарот Масимо Савиќ деновиве се соочува со новиот „проблем на денешницата” – некој по кој знае кој пат отвори негов лажен профил на Инстаграм и тоа очигледно многу го вознемири.

Моите луѓе немаат попаметна работа од тоа да пишуваат барања до луѓето кои отвораат лажни профили со моето име да бидат отстранети. За жал, понекогаш тој напор не резултира со успех и затоа сега мораме да ја побараме вашата помош, напиша пејачот во новата објава и ги замоли следбениците на Инстаграм да го пријават лажниот профил.

https://www.instagram.com/p/CWBY0fBLgN1/?utm_source=ig_embed&ig_rid=8786cd1a-7e7c-424f-9b63-8c8ddb254106

Работата со лажните профили се повторува и секако тоа им се случува на многумина и за тоа ние подолго време не ве предупредувавме, туку тоа го решававме од случај до случај, но сега има повеќе пријави од вас дека лицето кое го отвори лажниот профил ви испраќа пораки со сомнителна содржина, напиша тој.

Освен тоа, дотичниот бараше пари од моите за да го затвори профилот! Нема проблем, само да се договориме од која сметка ќе го платиме, саркастично додаде тој.

Значи, дека покрај сериозните проблеми од здравствени до економски, кои влијаат на животот на сите нас, мора да наидеме и на вакви глупости, навистина е надвор од умот, заклучи тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!