Вие имате прво да ја знаете вистината

Морето во Хрватска ја смени бојата, се работи за природен феномен кој ретко се случува (фото, видео)

Морето во последните два дена доби зеленикава или кафена боја на широк простор од Плоче до Макарска ривиера.

Како што може да се види на видеото, морето ја изгубило карактеристичната боја и повеќе личи на боја на река.

Сите забележавме дека морето е со сосема поинаква боја од вообичаената, и тоа на огромна површина, изјави читател на Далмација денес. Тој испратил видео до редакцијата, кое го снимил додека се возел на траектот на релација Плоче-Трпањ на Пељешац.

Обилните врнежи по сушната сезона беа предизвикани од порои на крајот на минатата недела во делови од БиХ, а сето тоа влијаеше на нивото на реката Неретва, која ја промени бојата поради големото количество поројни води полни со кал.

Сето тоа преку Неретва стигна до морето, а струите потоа го шират заматеното море на северозапад, кон областа Макарска, пишува Далмација денес.

Вчера метеоролошки сателит го сними ова подрачје, а на сликата јасно се гледа колку е распространет овој феномен.

Заматувањето на морето ќе продолжи уште некое време.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!