Вие имате прво да ја знаете вистината

Најтажната принцеза на светот, конечно фотографирана, погледајте како изгледа денес (фото)

Шарлин, принцезата од Монако, медиумите ја нарекоа „најтажната жена на светот“ на денот на нејзината венчавка, а после долго време папараците конечно ја фотографираа.

Принцезата од Монако е „фатена“ на пистата на аеродромот во Ница додека го шета кучето откако се симнала од приватен авион на враќање од Јужна Африка, каде останала девет месеци.

Таа беше облечена во крем долг фустан, над кој носеше долг црн капут. Носеше и длабоки црни чизми, како и црна заштитна маска на лицето. Последен пат е фотографирана како русокоса, а сега има потемна и пократка коса од тогаш.

Принцезата Шарлин и овој пат делуваше тажно, а црната комбинација направи да изгледа уште помрачно и потажно. Со оглед на тоа што долго време не е фотографирана во јавност, многумина се запрашаа што се случува со „најтажната жена на светот“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!