Вие имате прво да ја знаете вистината

Најубавата спортистка на светот наполни 23 години, сите гледаат атлетика поради неа (фото)

Алиса Шмит, германска атлетичарка која на Олимписките игри се натпреваруваше во штафетата 4 пати на 400 метри, а спортските магазини ја прогласија за најзгодна спортистка на светот, вчера наполни 23 години.

Талентираната Германка почна да се занимава со атлетика на само шест години, а оттогаш го освои среброто на Европското првенство. Се занимава и со манекенство и има голем број обожаватели на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/CV5x2tVMROp/?utm_source=ig_embed&ig_rid=34afc8b0-0cf0-4d7a-9efe-54f709e6cd2a

Расте бројот на следбеници на нејзиниот Инстаграм: во 2018 година имала 208.000 следбеници, а во 2020 година дури 745.000, така што за време на Олимпијадата ја следеле 1,8 милиони луѓе. Денес, само неколку месеци по Олимпијадата, има 2,5 милиони следбеници.

Поради атрактивниот изглед добија и непристојни понуди: “Добивам многу неморални понуди во приватни пораки. Понекогаш ми е смешно, но не се замарам премногу со тоа”, рекла Алис.

https://www.instagram.com/p/CVYXv5eswTr/?utm_source=ig_embed&ig_rid=f9d0eb09-60b5-4b90-9e02-2b5f5f99d97c

Алис е позната и по тоа што ја одби понудата на Плејбој да се фотографира без облека.

„Фокусирана сум на спортот и сакам на сите да им биде јасно. Има илјадници други девојки на Инстаграм кои изгледаат навистина добро, но немаат толку многу следбеници. Освен добар изглед, треба да понудите уште нешто интересно. За мене тоа е атлетиката“, заклучила Алис.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!