Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова е инфраструктурниот план со кој Бајден има намера да ја оживее Америка!

Онлајн изданието на печатот Економист објаснува што значи новиот американски план за развој на инфраструктурата вреден стотици милиони долари.

Системот за транспорт на пловни објекти од едно до друго ниво на вода, на реката Мисисипи беше истакнат како пример за тоа колку може да биде добра американската инфраструктура. Овој систем од бетон и железо долг речиси 400 метри е од клучно значење во системот преку кој овој дел на САД е комерцијално поврзан со Азија. Тоа е област преку која годишно се извезуваат речиси 60 отсто од американската пченка и соја.

Проблемот е што овој систем е стар речиси сто години. Инженерите вложуваат големи напори за да тој функционира. Капацитетот му е ист од кога е изграден, но пловните објекти стануваат се поголеми. За да укаже на значењето на овој проблем, директорот Енди Шимпф праша колку ленти сега имаат автопатите што беа градени во 1930-тите. А според Економист спасот можеби е при рака.

На 5-ти ноември, Претставничкиот дом на САД се согласи да потроши еден трилион американски долари за подобрување и реконструкција на инфраструктурата. Од таа сума, 2,5 милијарди долари се наменети за водни патишта. Шимпф е оптимист дека дел од парите ќе бидат потрошени за реконструкција на системот со кој тој раководи. Тој се надева дека капацитетот на овој систем ќе биде двојно зголемен. А како пример тој кажа, понекогаш на работниците им се потребни три часа за да пренесат чамец од едно до друго ниво на реката, а со подобрување, тој транспорт би можел да потрае половина час.

Инфраструктурата низ оваа земја треба значително да се подобри. Наскоро се очекува претседателот Џо Бајден да го потпише овој план, кој претходно беше прифатен и од Сенатот.

Планот подразбира дека ќе се потрошат 40 милијарди долари за поправка на мостови, што е најголема ваква инвестиција од изградбата на државната автопатска мрежа. Речиси 70 милијарди долари ќе бидат потрошени за железнички патнички транспорт и за елиминирање на старите и дотраени работи во оваа форма на транспорт. А 65 милијарди долари ќе бидат инвестирани за секој Американец да има достапност до брз интернет. Парите се наменети и за автопати, аеродроми, струја и вода.

За Бајден и неговата Демократска партија, овој инфраструктурен план е делумна политичка победа. Ова е нивен прв голем успех во Конгресот од почетокот на оваа година, кога беше усвоен краткорочен финансиски пакет за помош на граѓаните за време на пандемијата со коронавирус.

Британскиот весник оценува дека Бајден покажал дека може да успее во она на што се сопна неговиот претходник Доналд Трамп. Трамп вети големи инвестиции во инфраструктурата, но тие никогаш не се реализираа.

Вниманието на конгресменот во последните недели беше најмногу на ставено на планот од 1,75 трилиони долари, кој е наменет за социјални прашања и заштита на животната средина. Овие пари би биле искористени и за субвенционирање за искористувањето на обновливите извори на енергија.

Во американската јавна инфраструктура со години не се инвестираше. Според Американското здружение за градежништво (ASCE), ќе бидат потребни 2,6 трилиони долари во следните десет години за да се решат инфраструктурните недостатоци. Нема да се решат сите недостатоци, но ова може да биде почеток на процесот за да се направи разлика. Зависи од тоа колку добро ќе се спроведе овој план.

Колку ова е промена ? Од следната година до 2026 година буџетските трошоци за инфраструктура треба да се зголемат од 0,8 на 1,3 отсто од годишниот БДП. Тоа е значително повеќе во споредба сп последните 40 години. Ади Томер од Институтот Brooking истакна дека ова е сума еднаква на онаа на New Deal – програмата за трошење на јавни добра што го зголеми американското богатство по Големата депресија која започна во 1929 година.

Елен Зентнер од Morgan Stanley банката верува дека дополнителните трошења од 100 милијарди долари за инфраструктурата би можеле да придонесат за економски раст за десетина процентни поени, но доколку поттикнат и дополнителни инвестиции во приватниот сектор. Тој очекува дека овој раст може да биде уште поголем.

Економист – забележува дека исто така ќе биде важно колку добро ќе се распределат парите. Со оглед на тоа што со години не се инвестираше во инфраструктурата, не би требало да биде тешко да се постават приоритетите. Во Соединетите Американски Држави, прекин на снабдувањето со вода се случува во просек на секои две минути. Речиси половина од патиштата се во лоша состојба, според ASCE.

Проблемите во реализацијата на инфраструктурниот план се неизбежни. Меѓу потенцијалните е зголемувањето на трошоците за изградба и тоа што секој може законски да ги оспори работите. Ова може да резултира и со пробивање на роковите за завршување на работите.

Позитивната страна на овој план е што се дава можност на приватни инвеститори. Ова ќе ја зголеми вкупната потрошувачка и ќе постигне финансиска дисциплина. Секој град или држава што аплицира за пари од овој план ќе треба да процени дали партнерството со приватни компании би дало подобри резултати.

За некои проекти ова партнерство ќе биде неопходно, а тоа важи и за изградба на голема мрежа на станици за полнење на електрични автомобили. Владата сака вклучување на приватни компании за да ја направи инфраструктурата што е можно поотпорна на климатските промени.

Според Економист, корисна е доза на реализам – сумата што Американците ја трошат за инфраструктура е последица на сумата на која се подготвени да бидат оданочени. Во споредба со другите земји, тоа не е многу.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!