Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова му се нема случено ниту на еден претседател по Втората светска војна: Каде “пукна” меѓу Американците и Бајден!?

Кога ја презеде функцијата, на почетокот на 2021 година, 56 отсто од Американците му веруваа на Бајден. Денеска само 44,7 отсто.

Довербата во неговата политика опадна за 11 отсто од првиот квартал оваа година, особено кај работниците и руралните бели гласачи. Ова не му се случило на ниту еден претседател од Втората светска војна. Зошто?

За време на американските избори на крајот на 2020 и почетокот на 2021 година, мнозинството од населението во Америка чекаше да го види грбот на тогашниот претседател Доналд Трамп, а од сите страни се водеше многу агресивна кампања за поддршка на Џо Бајден.

Речиси една година по доаѓањето на Бајден за претседател на САД, се чини дека неговата огромна популарност драстично опадна.

Помалку од половина од населението му верува, а падот на довербата во него за 11 отсто за толку кратко време, велат, не се памети од Втората светска војна. И додека се помалку Американци му веруваат на Бајден, се чини дека Доналд Трамп почна да работи доста рано за да ги врати своите гласачи до следните избори.

Тој создаде нова социјална мрежа – мрежа на вистината која ќе служи за поттикнување отворен слободен и искрен глобален разговор без дискриминација на политичката идеологија.

Трамп, кој неколку пати беше блокиран на Твитер, исто така ја гледа својата нова мрежа како портал што ќе му помогне да го спречи „омилениот американски претседател да не биде замолчен“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!