Вие имате прво да ја знаете вистината

Србите во Застава произведоа нов калашников, подобар е од рускиот, на тестовите има одлични резултати

Застава Оружје изработи модуларна автоматска пушка, најновото оружје од системот М-19, за потребите на Армијата на Србија.

Основата на пушката е калашников, може да користи два калибри, а прилагодена е и за левораки и за деснораки стрелци.

Кундакот може да менува пет позиции по должина, лесно се расклопува и може да се користи во помали простории, како што се оклопни возила.

Саржерот може да собере 20 или 30 куршуми, а изработен е во боја и проѕирен. Сето ова го прави посебен во светот на оружјето.

Директорот на Застава оружје, Младен Петковиќ, вели дека ова е нултата верзија, која и била поделена на тестирање во војската на Србија.

Оваа пушка е производ на домашното знаење и е наменета за војската на Србија. Зголемувањето на обемот на производство, модернизација и воведување нови технологии, производи и материјали се меѓу врвните работни приоритети, рече Петковиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!