Вие имате прво да ја знаете вистината

Експертите се согласни, вака ќе изгледа крајот на пандемијата, уште колку време ни остана!?

Пандемијата со коронавирусот ќе потрае уште некое време. Мала е веројатноста Соединетите Американски Држави, но и целиот свет, дека ќе успеат целосно да го елиминираат коронавирусот.

Но, ќе дојде денот кога повеќе нема да има панедмија, кога ситуациите нема повеќе да излегуваат од контрола, а болниците нема да бидат изложени на голем ризик од пренатрупаност со пациенти заразени од ковид-19.

Многу од експертите предвидуваат дека во иднина коронавирусот ќе се однесува како сезонскиот грип.

Веќе помалку се нагледува времето кога и како тоа ќе се случи.

Нема јасни критериуми за тоа што точно е епидемија а што е панедмија. Сето тоа е во очите на набљудувачите – и тоа е дел од проблемот, изјави за CNN др. Арнолд Монто, професор по епидемиологија на Унервезитетот во Мичиген и в.д. претседател на Советодавниот одбор за вакцини и сродни биолошки производи на Управата за храна и лекови на САД.

Значи, сето ова не се темели на правила. Обично се темели на тоа што треба да го направите за да го контролирате избувнувањето на вирусот и неговото ширење, изјави Монто и додаде, она во што е разликата помеѓу епидемијата на коронавирусот е тоа што вакцините се многу поефикасни од тоа што обично го гледаме.

Добрата вест според Монто е моќта на вакцините, а лошата вест доаѓа од фактот што вирусот има можност да се менува и развива. Никој не може да предвиде каква ќе биде иднината на ковид-19, а појавата на разни мутации на коронавирусот, како што е делта сојот, ја помести траекторијата, изјави тој.

Како што се појавуваат нови варијанти на вирусот, јас тоа го нарекувам парада на варијанти, сега гледаме многу пообебно пренесување и многу порамномерно распоредување на вирусот на глобално ниво. Тоа го отежнува и прогласувањето на крај на пандемијата, изјави Монто.

Монто и другите преставници на јавното здраство предвидуваат дека светот во иднина може да го следи ширење на SARS-CoV-2 заразата насекаде, но тоа би било на сличен начин како ширењето на сезонскиот грип.

Не знаеме дали ќе бидеме сведоци на такво сезонско заразувања со SARS-CoV-2 вирусот, но тоа не потсетува дека повеќето наши респираторни вируси почнуваат да се однесуваат како сезонски, изјави Монто.

Дали SARS-CoV-2 ќе почне да се однесува така, не знаеме, но тоа ни дава барем едно сценарио дека може да почне да се однесува така, додава тој. Како што кажува тој, треба да „почекаме и видиме“ за да дознаеме како би можела да изгледа ендемската фаза на коронавирусот.

Ендемично значи дека болеста е постојано присутна кај населението – но не влијае на значителен број луѓе како што обично го гледаме во пандемија. Дури и на почетокот на 2020 година, кога пандемијата се интензивираше, претставници на Светската здравствена организација предвидоа дека новиот коронавирус „може да стане уште еден ендемичен вирус во нашите заедници“ и дека никогаш нема да исчезне.

Кога размислувате за пандемии, вие сте во фаза на пандемија, а потоа имате фаза на забавување, потоа следува контролна фаза, а потоа се надеваме дека ќе имаме елиминација, а можеби и искоренување на вирусот, изјави др. Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за заразни болести на САД.

Се надеваме дека ќе го намалиме вирусот на толку мали количини што, иако нема да биде целосно елиминиран, нема да има големо влијание врз јавното здравје или начинот на кој ги живееме нашите животи, додаде Фаучи.

Додека американското Министерство за здравство и човечки услуги, ја обновија одлуката минатиот месец дека во Соединетите Американски Држави сè уште постои вонредна состојба, федералните здравствени власти веќе размислуваат како да го проценат крајот на пандемијата и како да продолжат да го следат коронавирусот откако ќе стане ендемични вид.

За премин од пандемија во ендемска фаза, нацијата мора да изгради имунитет отпорен на коронавирусот, што значи дека многу повеќе луѓе мора да се вакцинираат, изјави др. Филип Ландриган, педијатар и епидемиолог на Бостонскиот колеџ, за CNN. Бидејќи некои Американци сè уште одбиваат да бидат вакцинирани, а додека некои одбиваат да и носат маски, таа транзиција може да потрае.

Во моментов, околу 58 отсто од вкупното население на САД е целосно вакцинирано против Ковид-19.

Треба да достигнеме над 80 отсто, можеби и над 90 отсто од населението со имунитет, изјави Ландриган, кој работеше во CDC 15 години.

За, на пример, да го контролираме ширењето на вирусот на мали сипаници кај населението во САД, моравме да ја подигнеме стапката на имунитет над 95 отсто, па и тогаш имавме повторно епидемии. Но, овие епидемии обично се случуваат кога имате група луѓе во некое место на живеење кои не се имунизирани, изјави Ландриган, додавајќи дека тоа не е епидемија туку тоа е жариште.

Засега, CDC вели дека има уште многу работа за да се спречи сегашното ширење на коронавирусот.

Знаеме дека останува уште многу да се направи за да се запре ширењето на Ковид-19 и да се запре пандемијата. Сè уште бележиме премногу нови случаи, хоспитализирани и смртни случаи. Дневниот просек е над 70.000 со повеќе од 1.000 смртни случаи. Затоа ние ги охрабруваат постарите луѓе да се заштитат од ковид-19, напиша портпаролката на CDC, Кристен Нордлунд.

Важно е да продолжиме да практикуваме превентивни мерки за кои знаеме дека функционираат т.е. вакцинирање, носење маска на јавно место и затворено место, останување дома кога сте болни и често миење раце, додаде таа.

CDC препорачува речиси сите постари од 6 месеци да се вакцинираат против грип секоја година. Но, за време на сезоната на грип 2019-2020 година, само околу половина од тие луѓе – 51,8 отсто – биле вакцинирани, според CDC.

Агенцијата проценува дека сезонскиот грип предизвикува околу 12.000 до 52.000 смртни случаи секоја година во предиодот помеѓу 2010 и 2020 година. Коронавирусот досега го зема животот на повеќе од 750.000 луѓе само во Соединетите Американски Држави.

Борбата со коронавирусот секоја година во иднина би можела да изгледа како годишна борба против сезонскиот грип.

Многу размислувавме за тоа како ќе изгледа ендемската фаза и податоците што треба да се соберат во текот на таа фаза. Се разбира, во моментов собираме податоци за случаи, хоспитализација и смртни случаи, изјави др. Рошел Валенски, директор на Центрите за контрола и превенција на болести на САД.

CDC работи со здравствени одделенија, лаборатории, болници и даватели на здравствени услуги за да ги следат дијагностицираните случаи на грип, да утврдат кои вируси на грип циркулираат и да го измери влијанието на овие вируси врз хоспитализацијата и смртните случаи.

Една идеја е дека кога коронавирусот станува ендемичен, се користи сличен состав за негово следење.

Би можеле да ги следиме случаите како што правиме со сезонскиот грип – каде што можеме да кажеме дека знаеме дека ќе видиме бројни случаи во зимската сезона и можеме да бидеме подготвени да се справиме со тоа, за разлика од проблемите со кои се соочуваме за време на денешната пандемија, изјави др. Стивен Пароди за CNN.

Имаме уште многу работа за тоа каде што сакаме да бидеме и мислам дека ќе ја видиме оваа транзиција во текот на 2022 година. Но, за некои области, каде што има помал имунитет, ќе потрае уште подолго, додаде тој.

Знаеме дека ќе има нови случаи, изјави Монто. И заклучи, веќе сме имале искуства со пандемии на грип. Значи, знаеме како тие обично се однесуваат. Ова е ситуација која се развива со сосема нов патоген.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!