Вие имате прво да ја знаете вистината

Заев итно свика состанок на партиите кои се дел на владиното мнозинство, дали ќе присуствува и некој од Беса!?

Вечерва е закажан состанок на партиите членки на владината коалиција предводена од СДСМ. Ќе биде интересно да се види дали некој преставник на партијата Беса ќе присуствува на таа средба, бидејќи партијата Беса на изборите на 15 јули минатата година беше во коалиција со СДСМ и беа победници на изборите.

Сега секретарот на Беса, Аријанит Хоџа и се уште актуелен министер за земјоделство беше на минатонеделната средба во Собранието, каде заедно со Африм Гаши од Алтернатива, Димитар Апасиев од Левица, Арбен Таравари од Алијанса на Албанците и Мицкоски и Николоски од ВМРО ДПМНЕ се договорија за ново мнозинство или за мнозинство за рушење на власта.

Исто така ќе биде интересно да се види кои биле пораките од средбата на премиерот Зоран Заев со холандскиот премиер Марк Руте. Кои пораки Руте ги донесе во Скопје. Инаку холандскиот премиер е клучен или еден од клучните играчи во семејството на либерални и демократски партии во рамките на ЕУ каде членува и ЛДП на Горан Милевски. Затоа ќе биде интересно да се анализира однесувањето на Милевски во процесот на рушење или одбрана на владата.

Од друга страна, секогаш преку Холандија делувала британската дипломатија. Така што со доаѓањето на Руте во Скопје може да се сфати како вклучување на Лондон во разрешница на политичката криза во државата.

Се ова ќе биде во функција на утрешната сеница за гласање на недоверба на власта. Малку беше чудна позицијата на Алтернатива ( за тоа повееќе во утрешната емисија Во Центар ) каде сигналите беа дека три пратеници се за СДСМ а само еден за ВМРО ДПМНЕ, а најавите се дека и пратениците на Беса не се баш големи фанови на ВМРО ДПМНЕ и дека се убедуваат дека треба да ја следат партиската линија која сега се преставува преку министерот Хоџа.

Интересно е дека двете клучни личности во овој политички циркус, Аријанит Хоџа од Беса и Скендер Реџепи од Алтернатива беа дел на партијата на македонскиот Барак Обама-Имер Селмани. Можеби тоа може да биде лакмус како во периодот по утрешното гласање од петок натаму ќе следат политичките разврски.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!