Вие имате прво да ја знаете вистината

Џо Бајден во Белата куќа ја прими Фон Дер Лајен, разговараа за Западен Балкан, дали Македонија ќе има корист од тоа?

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, во Белата куќа во Вашингтон се сретне и разговараше со Урсула Фон Дер Лајен односно претседателката на Европската комисија, а една од темите на разговор се очекува да биде ситуацијата на Западен Балкан.

Во соопштението на Белата куќа се вели дека двајцата официјални лица ќе разговараат и за трговијата но и за други прашања, а се со цел да се подобрат односите помеѓу САД и ЕУ.

Бајден и Фон Дер Лајен неодамна имаа кратки средби, за време на состанокот на лидерите на Г20 во Рим и за време на Конференцијата на ОН за климатски промени во Глазгов.

Белата куќа наведува дека Бајден и Фон Дер Лајен ќе разговараат на повеќе теми, помеѓу кои: правилата на економијата преку заедничката трговија помеѓу САД и ЕУ, глобалното затоплување, Украина и Западен Балкан.

Претседателот Бајден  ќе ја потврди поддршката кон ЕУ како клучен партнер на САД, изјави портпаролката на Белата куќа, Емили Хорн во соопштението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!