Вие имате прво да ја знаете вистината

Барби диетата ги “полуде” жените во светот, почитувајте ги овие правила и ќе бидете во фит форма до Нова Година!

Една од најубавите холивудски актерки, Маргот Роби, моментално снима филм во кој ја игра најпознатата кукла на светот Барби, а за да ги исполни барањата на филмот и на предизвикувачка улога, холивудската актерка следи строга диета за да ја одржи својата форма, која станува се попопуларна низ интернетот во последно време.

Таа неодамна зборуваше за „Барби диетата“ во интервју за British Women Health. Основниот принцип на оваа диета е следниот: многу малку јаглехидрати и без засладувачи.

Поентата на оваа диета се базира на протеини, додека шеќерот треба целосно да се елиминира, особено во првите десет дена. Во овој период е забрането и овошје. После тоа, дозволено е едно овошје дневно. Внесувањето на калории дневно не треба да надминува 1200.

Вака изгледа менито на актерката за еден ден:

Мојот појадок обично се состои од овесна каша и шејк за зајакнување на имунитетот. За ручек јадам салата од пилешко, а за вечера стек од туна и слатки компири, пијам чај во текот на денот, со кој сум опседната откако живеам во Велика Британија, изјави Маргот Роби.

Покрај здравата исхрана за улогата на Барби, Маргот се префрли и на тренинзи со висок интензитет, а особена страст има за пилатес.

Секогаш се чувствувам многу подобро после добро истегнување. Но, кога не се подготвувам за улогата, најчесто имплементирам тренинзи во кои навистина уживам – часови по танц или играње тенис со пријателите, изјави убавата Маргот Роби.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!