Вие имате прво да ја знаете вистината

Човекот се враќа назад на Месечината до 2025 година!? Директорот на НАСА упати критики: изгубивме седум месеци!

Праќањето на човек повторно на Месечината во рамките на американската програма Artemis е одложено од 2024 година за најрано до 2025 година, изјави во вторникот директорот на НАСА, Бил Нелсон.

Причините за одложувањето е поради тоа што НАСА чекаше на решавање на правниот спор околу развојот на системот за слетување на Месечината.

Изгубивме седум месеци поради спорот и затоа веројатно го одложивме првото слетување на луѓе на Месечината најрано до 2025 година, изјави Бил Нелсон на прес-конференција, додавајќи дека не се тоа единствените причини.

Крајниот рок беше до 2024 година, што го постави администрацијата на Доналд Трамп, но тоа беше технички невозможно, истакна Нелсон.

Тој, исто така, го критикуваше недостатокот на средства што Конгресот ги одвои во последните години за развој на системот за слетување на Месечината.

Тој го најави и можниот датум за започнување на мисијата Артемида 2, која е прва во програмата која вклучува и астронаути, но нема да слета на Месечината, сега е поместен за во мај 2024 година.

Оваа втора мисија, која беше планирана за во 2023 година, ќе оди подалеку отколку што човекот некогаш отишол досега. Веројатно речиси 65.000 километри зад Месечината, а потоа таа ќе се врати на Земјата, изајви Нелсон.

Артемида 1, првата мисија за поаѓање на Месечината е без астронаути, е најавена за февруари 2022 година, како што и беше планирано.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!