Вие имате прво да ја знаете вистината

До крајот на неделата онлајн средба помеѓу лидерите на Кина и САД, Пекинг е подготвен да ги испегла разликите со Вашингтон

Кина е подготвена адекватно да ги реши несогласувањата со САД, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг пред претстојната онлајн средба со американскиот претседател Џо Бајден.

Во писмото што го прочита кинескиот амбасадор во САД, Кин Ганг, за време на вечерата во Националниот комитет за американско-кинески односи во Вашингтон, претседателот на Кина, Џинпинг ја изразува подготвеноста на Кина да соработува со Америка за регионални и глобални прашања.

Датумот на средбата помеѓу Џинпинг и Бајден се уште не е познат, но неименуван функционер изразил очекувања дека таа да се одржи следната недела.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!