Вие имате прво да ја знаете вистината

Европската комисија ја одобри новата, осма вакцина против ковид-19, прва од таков вид со инактивација на жив вирус

Европската комисија во среда, на 11 ноември, ќе одобри договор со фармацевтската компанија Валнева за набавка на речиси 27 милиони дози вакцини против Ковид-19 во текот на 2022 година.

Валнева е осмата компанија со која Комисијата склучила договор за набавка на вакцини против Ковид-19. Претходно беа потпишани договори со компаниите: AstraZeneca, Sanofi-GSK, Janssen Pharmaceutica NV, BioNTech – Pfizer, CureVac, Moderna и Novavax

Договорот со компанијата Валнева ќе им овозможува на земјите-членки да купат речиси 27 милиони дози од вакцината во 2022 година. Според договорот, вакцината ќе може да се прилагоди на нови варијанти на соеви на вирусот, а земјите-членки ќе можат да нарачаат до 33 милиони дополнителни дози од вакцината во 2023 година.

Штом Европската агенција за лекови ќе ја прогласи за безбедна и ефикасна, вакцината Валнева ќе биде уште една опција во нашето широко портфолио со вакцини, изјави комесарката за здравство Стела Киријакидес.

Валнева е европска биотехнолошка компанија која развива вакцина со инактивиран вирус кој се добива со хемиска инактивација на жив вирус.

Станува збор за традиционална технологија на правење вакцини, која се користи од 60 до 70 години, а се базира на примена на воспоставени методи и е многу безбедна. Се користи во производството на повеќето вакцини против грип и многу вакцини за деца. Во моментов таа е единствената вакцина со инактивиран вирус против Ковид-19 која е во фаза на клинички испитувања во Европа.

Комисијата, со поддршка на земјите-членки на ЕУ, одлучи да ја поддржи оваа вакцина врз основа на квалитетна научна проценка, искуството на компанијата во развојот на вакцини и нејзиниот производствен капацитет да ги снабдува сите земји-членки на ЕУ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!