Вие имате прво да ја знаете вистината

Франција ќе започне со изградба на нови нуклеарни реактори, изјави претседателот, Емануел Макрон

Франција ќе започне со изградба на нови нуклеарни реактори, а со цел да се гарантира енергетската независност на државата, објави во вторникот претседателот, Емануел Макрон.

За прв пат по неколку децении ќе ја рестартираме изградбата на нуклеарни реактори во нашата земја и ќе продолжиме да развиваме обновливи извори на енергија – изјави Макрон без да открие детали за бројот или локацијата на реакторите.

Макрон изјави дека новите реактори ќе гарантираат енергетска независност, снабдување со електрична енергија и ќе и овозможат на Франција да ги постигне своите цели, вклучително и јаглеродна неутралност до крајот 2050 година.

Франција користи околу 70 отсто од електричната енергија преку нуклеарните реактори. Според политиката за енергетска транзиција од 2015 година, владата планира да го намали својот удел во нуклеарната енергија на 50 отсто до 2025 година за да го зголеми уделот за обновливите извори на енергија. Франција во моментов заостанува зад целите за обновлива енергија поставени од Европската Унија.

Ако сакаме да ја плаќаме нашата електрична енергија по разумни цени и да не зависиме од странски земји, мора да продолжиме да штедиме енергија и да инвестираме во производство на енергија без јаглерод на нашата почва, изјави Макрон.

Франција моментално има 56 оперативни нуклеарни реактори и еден европски реактор во изградба во електраната Фламанвил. Проектот, започнат во 2007 година, доцни и најверојатно ќе биде завршен до 2023 година.

Во октомври Макрон најави инвестиции од осум милијарди евра во секторот за нуклеарна енергија. Тој е трет по големина индустриски сектор во државата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!