Вие имате прво да ја знаете вистината

Христијан Мицкоски шутираше пенал на празен гол и ја погоди стативата, така заврши операцијата за смена на власта

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ си заминаа од Собранието на Република Македонија. Така заврши со неуспех денешната операција на опозцијата предводена од Христијан Мицкоски и Александар Николоски за гласање недоверба на македонската влада.

Тоа е финалето на еден процес во кој се вложи многу време и многу пари. Во повеќе наврати Мицкоски најавуваше ново парламентарно мнозинство и на крај кога требаше да биде финалето на целата операција тој шутираше пенал на празен гол и ја погоди стативата.

Во основа беа споени две групи, албанската која сакаше да го смени ДУИ од власта и македонската која сакаше да стави крај на владеењето на СДСМ. И само тоа ги поврзуваше, се разбира и многу пари кои се појавија на изборите.

Таа коалиција тајно или јавно функционираше на изборите во Тетово, Куманово, Гостивар. Скопје итн. а опозицијата успеа во таа коалиција да вклучи и една партија од власта. Иако партиските извори говореа дека во Алтернатива лидерот Африм Гаши е изолиран во желбата да се коалицира со ВМРО ДПМНЕ сепак таа партија отиде многу далеку и беше невозможно да се вратат назад по ставањето на потписите.

И во БЕСА расположението беше повеќе кон СДСМ отколку кон Мицкоски, што е разбирливо бидејќи тие три пратеници ( по изборот на Билал Касами за градоначалник на Гостивар ) беа избрани како дел на коалицијата со СДСМ.

Избран е денот четврток да се направи историска паралела со крвавиот четврток на 27 април 2017 година и на крајот целиот проект филуван со многу пари заврши со неуспех, Мицкоски заврши на операција на масно ткиво и го постави прашањето за смислата да се бави човек со политика.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!