Вие имате прво да ја знаете вистината

Ибрахимовиќ се приклучи на репрезентацијата: Моето тело старее, но мојот ум се подмлади

Шведската фудбалска ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ, деновиве со својата репрезентација се подготвува за квалификациските натпревари за Светското првенство каде ќе ги одмери силите против Грузија и Шпанија.

На прес-конференцијата на Швеѓаните по повод следните два дуели, Ибрахимовиќ проговори за својата нова покана за националниот тим на своја 40-годишна возраст.

Стар сум, но сега подобро го разбирам своето тело, тоа старее, но сега умот ми е помлад и изгледам се подобро и подобро, коментираше Златан во негов стил, додавајќи: 

Сите сакаат да играат, јас сум тука само како тимски член. Конечно, тренерот е тој што одлучува за минутажата.

Легендарниот Ибра на крајот изјави:

Морам да го балансирам времето поминато во игра, бидејќи се повеќе сум склон кон повреди. Ако можам да го најдам вистинскиот баланс, би требало да можам да играм што е можно повеќе. Морав да бидам искрен со себе и да признаам дека не сум сто проценти подготвен.  Со мојата самодоверба сигурен сум дека се ќе биде во ред, изјави напаѓачот на Милан.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!