Вие имате прво да ја знаете вистината

Израел сериозно се подготвува за воен конфликт со Иран, Тел Авив се плаши од нуклеарните планови на Техеран

Високиот израелски безбедносен претставник изјави дека земјата се подготвува за можен вооружен конфликт со Иран и неговите сојузници. Началникот на Генералштабот, потполковник Авив Кохави изјави дека израелската војска ги забрзува оперативните планови и подготвеноста да се спротивстави на Иран и нивната нуклеарна воена закана.

Во своето обраќање пред парламентарната Комисија за надворешни работи и одбрана, тој изјави дека во периодот од претходната година нивната армијата продолжила да дејствува против нивните непријатели со тајни операции и мисии низ Блискиот Исток.

Израел го смета Иран за потенцијална закана и предупредува дека ќе употреби воена сила доколку е потребно за да го спречи Иран да развие нуклеарно оружје.

Минатиот месец министерот за надворешни работи Јаир Лапид изјави дека Израел ќе мора да дејствува доколку терористичкиот режим е на пат да поседува нуклеарно оружје.

Иран на ова одговори со тоа дека нивната нуклеарна програма е мирна. Техеран ќе ги продолжи разговорите за својата нуклеарна програма со светските сили овој месец, откако договорот од 2015 година пропадна кога САД се повлекоа од договорот во 2018 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!